ФОТО | „Бакнеж“: Принцот Алберт и Шарлин не ја убедија јавноста во својата љубов

Фото: Профимедиа

Државното патување во странство, во Норвешка, веднаш стана можност да му се покаже на светот дека владетелите на кнежеството Монако, Алберт и Шарлин, се среќни и смирени. Порака лансирана преку бакнеж – уста во уста, овековечена од фотографите.

Но, низата фотографии повеќе откриваат бакнеж пореди бакнеж за покажување, отколку за билокаква љубов. Бакнеж кој не изгледа ни „братски“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Point De Vue (@pointdevue)

Усните едвај се допираат, а изразите на лицето прикажуваат напнатост. Лицата им се згрчени, а веднаш по бакнежот следуваше усилена прегратка, речиси братска. Ама воопшто не личи на прегратка каква што си разменуваат вљубени партнери.

Инаку, ова е првото важно официјално патување на принцот Алберт и сопругата кое ги прикажува заедно по долгото отсуство на Шарлен од Монако и гласините за нивниот развод. На патувањето тие се заедно со близнаците Жак и Габриела.

Извор: espreso.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот