ФОТО | Пример како Балканец реновира тераса: Урнебесната фотографија го насмеа целиот регион
Балкан и сѐ е можно. Балканците се познати по оригиналните, а неретко и луцидни идеи.
Препорачано
Една таква идеја можеме да видиме на урнебесната фотографија од Сплит, Хрватска, која стана хит на социјалните мрежи.
На фејсбук-страницата „Squatting Slavs In Tracksuits“ која ја следат повеќе 1,2 милиони луѓе, е објавена интересна фотографија од Сплит која веднаш добила бројни „лајкови“, но и урнебесни коментари.
Имено, на фотографијата е прикажана една стара станбена зграда со тераси кои баш и не му се допаѓале на сопственик на еден од становите во зградата.
За да добие подобар поглед и повеќе сонце тој одлучил едноставно да исече дупка во ѕидот од терасата, која сега им „боде очи“ на сите кои поминуваат покрај зградата.
„Кога Балканец сака подобар поглед, тогаш тој прави дупка во својата тераса“, стои во описот на фотографијата која има повеќе од 5.500 „лајкови“.
Коментарите под фотографијата се урнебесни, а еве што напишале некои од посетителите на оваа фејсбук-страница.
„Живее на работ“, Тоа е планинска страна, па морал да отвори чардак за да суши пршута и сланина“, Одел во спротивен правец. Единствен е кој терасата не си ја претворил во дополнителна соба“, „Апартман со поглед на море“, коментарите не престануваат да се нижат покрај хит-фотографијата.


