Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Твитер/ Associació Club Català de Naturisme

ФОТО | Повеќе од 700 нудисти формираа жив синџир на плажата Тарагона во Шпанија

Повеќе од 700 нудисти учествуваа во акцијата за формирање жив синџир на плажата Торн во шпанското одморалиште Тарагона, соопшти каталонскиот клуб на нудисти.

Вкупно 717 луѓе формирале жив синџир, кој е дел од акцијата Трет нудистички рекорд на Каталонија, пренесува „Јуровикли њуз“ (Euroweekly News).

Акцијата се одржа во средината на јули на 20 плажи во Каталонија, но нудистите на плажата Торн не можеа да се приклучат поради лошите временски услови, па настанот беше одложен за август.

„Нудизмот не е забранет, но општествено не е многу добро прифатен“, коментира Сегимон Ровира, претседател на Здружението на каталонски нудистички клуб. Тој објасни дека настанот има за цел да го подигне максималниот број нудисти и „покрај подигањето на свеста за нудизмот на каталонските плажи“, бил поставен и „да го промовира и брани нудизмот“.

Ровира елаборираше дека голотијата, иако е легална во Шпанија, не е општествено прифатена како во другите европски земји; „Во Каталонија и Шпанија сè уште има некои предрасуди од годините на диктатурата на Франко, кои велеа дека тоа е забрането“. Директорот ја истакна важноста „да се бара почитување на оваа практика“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот