ФОТО | Поскромно отколку кај Кејт: Божиќната традиција на семејството Мидлтон ги изненади сите
Божиќ полека се наближува, а сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа, веќе се подготвува за празниците. Таа со сопругот Џејмс Метјуз, со кого е во брак од 2017 година, живее на луксузен имот во Беркшир вреден околу 15 милиони фунти. Двајцата се активни и на социјалните мрежи, каде преку нивната фарма „Баклбери“ често споделуваат моменти од секојдневието.
Препорачано
Токму така ја открија и нивната семејна божиќна традиција, која разнежи многумина, а особено ги радува нивните деца – Артур, Грејс и Роуз.
View this post on Instagram
Во пресрет на Божиќ, неизоставен е „посетителот“ – џуџето по име Бади. Тој секое утро се појавува на различно место на фармата: украсува медењаци, седи во гнездо со кокошкини јајца, се качува по новогодишната елка и прави разни весели несташлуци.
„Бади утрово тивко пристигна во својата ‘пештера’ и е зафатен со украсување на најслаткиот медењак досега. Насекаде има шарени трошки – типично за Бади“, стои во описот на една од објавите.
Сите овие детали покажуваат дека Пипа и нејзиниот сопруг уживаат во едноставна, но забавна празнична традиција.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи многумина коментираа дека станува збор за преслатка традиција, но и значително поскромна во споредба со оние што ги негува Кејт Мидлтон со семејството на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. Кај Мидлтон поголем акцент се става на играта, шегите и активно вклучување на децата во празничните подготовки, што ги прави нивните обичаи поприродни и посрдечни, наспроти формалните кралски протоколи.
Прославата на Божиќ во британското кралско семејство претставува спој на формалност и интимни семејни моменти. Веќе со децении празниците ги минуваат во Сандрингем, а една од најомилените традиции е размената на подароци на Бадник. Прво пристигнуваат најмладите членови, а потоа оние со повисок ранг. Подароците се поставени на бели маси, секој со свое име, и се отвораат заедно во точно определено време.
Наместо луксуз, се преферираат духовити и необични подароци – така, една година меѓу нив се нашол дури и кожен капак за веце школка.
Вечерта започнува со коктели, сите се облечени во свечени тоалети, а следи вечера од шест јадења. Божиќното утро е резервирано за богат појадок, по кој целото семејство оди на традиционална прошетка до црквата Света Марија Магдалена, што секоја година привлекува голем број граѓани.
По мисата следува свечен божиќен ручек, а во 15 часот семејството се собира за да ја слуша традиционалната божиќна порака на кралот. Сето ова е дел од долгогодишната традиција на британската кралска фамилија, која ретко се менува. Сепак, секој монарх внесува и свои новини – така кралот Чарлс III побарал при изборот на подароци и декорации да се обрне посебно внимание на еколошката свест и одржливоста.


