ФОТО: Поранешен босански репрезентативец ги поддржа хулиганите на грчкиот АЕК

фото: EPA-EFE/CHRISTIAN HOFER

Огњен Врањеш (33), поранешниот контроверзен репрезентативец на Босна и Херцеговина и играч на турскиот клуб Хатајспор, на социјалните мрежи се огласи по повод трагедијата во Атина.

Да потсетиме, навивач на грчки клуб АЕК (29) загина по судири со „БББ“ во Атина, па поради ова беше одложен натпреварот од квалификациите за ЛШ меѓу АЕК и Динамо кој требаше да се одигра денеска од 20.45 часот.

Врањеш, инаку поранешен фудбалер на АЕК во два наврати, објави фотографија на социјалните мрежи која е заштитен знак на најжестоките навивачи на АЕК.

фото: принтскрин/instagram.com/ognjen_vranjes

На фотографијата се гледа череп со натпис „АЕК Хулигани“ околу него. Врањеш настапуваше за АЕК во сезоната 2017/2018 и во сезоната 2021/2022. За репрезентацијата на БиХ забележа и 38 настапи.

Познат е и по скандали, исфрлен од репрезентацијата поради тетоважата на четничкиот војвода Момчило Ѓујиќ. Тој имаше афера и со пејачката Јелена Карлеуша.

ВИДЕО | Трагедија во Атина: Навивач на АЕК загина во судир со „Бед Блу Бојс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот