ФОТО: Поради филерите повеќе не може ни да се насмее – Најголемата заводничка на Холивуд претера со пластичните операции!

Фото: Профимедиа

На нејзиното лице повеќе ништо не е природно…

Многу жени, а особено во Холивуд, тежнеат кон младешкиот изглед и не се двоумат да дадат неколку милиони на разни третмани и естетски операции. Во негувањето и грижата за сопственото лице, нема ништо лошо, но некои ѕвезди одат предалеку со корекциите, па денес не се ниту налик на убавиците кои беа некогаш.

Наместо негуван изглед изгледаат непрепознатливо и се наоѓаат на мета на потсмев.

Една холивудска жена чиј изглед често се коментира е Голди Хоун. Со години е прогласувана за најубава жена на светот, а денес е далеку од тоа.

Фото: Профимедиа

„Таа на сите можни начини се обидува да го задржи младешкиот изглед иако повеќе личи на пластична кукла, отколку на негувана жена“, коментираше еден од нејзините фанови.

Голди никогаш не криела дека е чест гостин во естетските клиники и дека нема намера да се откаже од заминувањето „под нож“.

„Не знам зошто жените одбиваат достоинствено да стареат, туку вака се уништуваат. Таа повеќе не може ни да се насмее од силните филери и ботоксот“, може да се прочита меѓу коментарите на нејзиниот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goldie Hawn (@goldiehawn)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот