ФОТО: По пет години врска, веренички прстен на раката на Гвен Стефани

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

По пет години забавување, Гвен Стефани и Блејк Шелтон се верија.

Шелтон денес ја запроси пејачката, а таа прифати и веднаш постави фотографија со прстен на својата рака на Инстаграм профилот.

 

View this post on Instagram

 

@blakeshelton yes please! ??? gx

A post shared by Gwen Stefani (@gwenstefani) on

Додека Блејк истата фотографија ја објави на својот Твитер профил.

Парот се запозна на снимањето на популарното натпреварување „The Voice” во 2014 година, а започна да се забавува следната година.

Гвен своевремено во емисијата на Елен Деџенерис призна дека до нивното запознавање таа не ни знаела кој е Шелтон.

Претходно, пејачката беше во брак со музичарот Гевин Роздејл, а нивниот развод официјално се случи во 2016 година.

Шелдон, од друга страна, беше во брак два пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот