ФОТО: По операцијата на срцето веднаш им се врати на старите страсти – „Те молам, само немој во теретана“

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Холивудската ѕвезда и поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер (73) ѕвездата од многу акциони филмови на крајот на октомври го оперираше срцето, а веќе сега вели дека се чувствува фантастично.

Познатиот актер папараците го сликале како вози оклопно возило неколку дена по операцијата низ улиците на Лос Анџелес.

Фото: Профимедиа

 

Снагаторот им се вратил на секојдневните обврски и активности во животот, а ужива и со девојката Хедер Милиган (45), па таквото брзо закрепнување не можеа да го предвидат ниту докторите.

– Им благодарам на сите во болницата „Кливленд“, токму поради нив имам нов залисток на аортата, кој стои покрај мојот нов белодробен залисток од последната операција, напиша Арнолд на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Неговите обожаватели се среќни поради доброто здравје на својот идол, но се малку загрижени бидејќи нивниот миленик има неисцрпна желба за акција, па го молат малку да се смири и одмори, како што го советуваа и докторите.

– Само немој веднаш во теретана, те молам послушај ги докторите, напиша син му Патрик кој е горд на својот татко, но е внимателен кога станува збор за здравјето и срцето на омилениот снагатор.

Фото: Инстаграм

.Останатите обожаватели му испратија пораки за поддршка со желба тој да биде добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот