ФОТО | По колапсот на бракот со Џенифер Лопез: Бен Афлек прво купи вила, а сега драстично го промени имиџот

Бен Афлек / Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Иако официјалниот развод со Џенифер Лопез е сè поблиску, актерот Бен Афлек (51) не изгледа премногу загрижено. Уште повеќе, многумина велат дека во последните денови изгледа подобро од кога било, пишуваат американските медиуми.

Деновиве тој беше фотографиран со нова, модерна фризура, избричен од страните, а многумина се шегуваат дека ова е најдобар доказ дека пејачката повеќе нема никакво влијание врз него бидејќи не би му дозволила да направи такво нешто.

Некои го сметаат овој потег за средовечна криза, додека други велат дека Бен е доказ дека и мажите ја менуваат фризурата кога сакаат да го променат својот живот.

Актерот носеше црна маица со натпис „Red Hot Chili Peppers“ и кожна јакна за лежерно возење и се возеше низ Лос Анџелес со својот електричен мотор.

Инаку, Бен неодамна купи имот вреден 20,5 милиони долари помеѓу Брентвуд и Пацифик Палисадес. Како што пишува „Дејли мејл“, Бен подигнал заем од 10 милиони долари. Новиот имот со пет спални соби и шест бањи бил купен на роденденот на неговата 55-годишна сопруга.


Имотот од 6.200 квадратни метри првично бил изграден и дизајниран во раните 1940-ти од страна на познатиот архитект Клиф Меј пред да биде интензивно реконструиран од претходните сопственици. Дневната соба е на две нивоа со мешавина од камен и рустикален дрвен под.

Како потсетување, гласините за разводот на славната двојка по само две години почнаа да кружат на почетокот на летото кога ја ставија на продажба својата вила во Беверли Хилс за 68 милиони долари.

Бен Афлек и Џенифер Лопез поднесоа барање за развод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот