ФОТО | По две години криење се појави во јавност: Џек Николсон има 84 години и изгледа одлично

Легендарниот американски актер Џек Николсон (84) е виден во јавност по речиси две години.

Тој се појавил на натпреварот ЛА Лејкерс, чијшто голем фан е, а пред да влезе во салата, делел автограми на бројните собрани обожаватели. Оскаровецот изгледал добро и здраво.

Пред извесно време се појави веста во медиумите дека заболел од деменција.

Николсон сега бил во друштво на својот син Реј (29) и внимателно го следел почетокот на сезоната на ЛА Лејкерс кои играа против Голден Стејт Вориорс.

Foto: Profimedia

Фото: Профимедиа

„Џек изгледаше многу среќен што се врати“, рекол извор за „Е! Њуз“.

– Тој е амајлија за Лејкерси! Изгледаше одлично и беше многу внесен во играта, сѐ следеше внимателно, секоја акција, сѐ! – продолжил изворот.

Покрај Џек Николсон, натпреварот го следеле и други познати личности. Адел, Ашер, Џастин Бибер, Кевин Харт, Џејмс Корден, Кид Кади, Лил Вејн и Флојд Мејведер помладиот ги гледале Лејкерси како ги победуваат Вориорс со резултат 121-114.

Džek Nikolson

Фото: Профимедиа

Николсон последен пат беше фотографиран во јавноста во јануари 2020 година, кога исто така присуствуваше на натпреварот на Лејкерси кои играа против њујоршките Никс.

Имено, Николсон е познат по тоа дека води многу повлечен живот, ретко дава интервјуа и папараците главно го „ловат“ на кошаркарските натпревари. Тој направи исклучок кога даде изјава за смртта на кошаркарот Коби Брајант.

Džek Nikolson

Фото: Профимедиа

Негов последен филм беше „Како знаеш“ (How Do You Know) од 2010 година во кој глумеше со Рис Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон.

Иако актерот има пет деца, најчесто е фотографиран во друштво на ќерката Лорен и синот Реј.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот