Џек Николсон не е виден во јавност повеќе од една година: Блиски пријатели стравуваат дека оскаровецот страда од деменција

Џек Николсон се смета за едно од најголемите светски актерски имиња, а иако можеби глумел во повеќе класици отколку кој било друг, од 2010 година нема снимено ниту еден филм. Последна беше споредната улога во „Како знаеш“ , филм што го сними за услуга на режисерот Џејмс Л. Брукс, откако отпадна Бил Муреј. Играјќи во неговиот филм од 1997 година „As Good As It Gets“, Николсон доби Оскар за најдобар актер.
Холивудскиот актер Џек Николсон не е виден во јавност повеќе од една година, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција.
View this post on Instagram
Трикратниот оскаровец ги живее своите „тажни, последни денови“ во вила на Бевери Хилс, пренесуваат странските медиуми.
„Џек и јас сме пријатели со години и тој веќе воопшто не ја напушта својата куќа. Неговиот син и ќерка се грижат за него“, изјавил познаник на актерот за „Radar Online“.
View this post on Instagram
Иако актерот има пет деца, најчесто се фотографира во друштво на ќерката Лорен и синот Рај. „Физички е добро, но не е најдобро психички. Навистина е тажно да се види актер како Џек да замини на овај начин“, рекол изворот.
Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ (“How Do You Know”) од 2010 година.