ФОТО | Пливање со ајкули: По свадбата на синот, Бекам се релаксира во Мајами

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Една недела по свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц, таткото на младоженецот Дејвид Бекам (46) решил да се опушти во Мајами, и тоа пливајќи со ајкули.

На фотографијата објавена на Инстаграм од најмладиот син на Бекам, Круз (17), таткото и синот се во костими за капење, во кристално чиста вода, а околу нив има пет, очигледно питоми, ајкули.

Бекам, кој носеше црвени боксерици за капење, на Инстаграм коментираше дека мисли дека одбрал погрешна боја, мислејќи дека црвената боја може да ги потсетува ајкулите на крв.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CRUZ (@cruzbeckham)


Да се потсетиме, брачниот пар Бекам пред точно девет дена ја прослави венчавката на својот најстар син.

Свадбата траеше три дена, а Бекам за венчавката му подари на својот син винтиџ Јагуар вреден речиси половина милион долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот