ФОТО | Пинк се збогува со татко ѝ кој почина од рак во емотивна објава

пинк
ФОТО: Инстаграм

Таткото на пејачката Пинк, Џим Мур почина откако се бореше со ракот на простата, пренесува „Page Six“.

Пејачката се збогуваше со својот татко и во објава на „Инстаграм“. Сподели две црно-бели фотографии на кои танцуваат, а на една од нив Пинк сè уште е дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P!NK (@pink)

„Засекогаш“, напиша таа во описот, а нејзините обожаватели одговорија во коментарите со пораки на сочувство и утеха за пејачката.

Еден ден пред смртта на татко ѝ, Пинк објави заедничка фотографија од 2006 година, во која ја изведуваат песната „I Have Seen the Rain“, која Џим ја напишал за време на Виетнамската војна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P!NK (@pink)

Да потсетиме, Пинк во јули минатата година откри дека нејзиниот татко го завршил вториот круг на хемотерапија и бил изненадувачки добро расположен.

„Тоа го прави за другите да се чувствуваат подобро. Неверојатно е да го гледате како свирка додека поминува низ пекол”, напиша Пинк на „Инстаграм“ тогаш.

Видео на денот