ФОТО: Пинк ја прослави 15-годишнината од бракот со емотивни фотографии

Фото: Профимедиа

Поп-рок ѕвездата Пинк и нејзиниот долгогодишен сопруг Карли Харт, прославија 15 години од својот брак.

Сопственичката на хитот „Raise Your Glass“ на Инстаграм сподели серија фотографии од неа и сопругот. Некои фотографии настанале одамна, на гламурозни вечери и црвениот тепих, а некои се само интимни моменти од семејната атмосфера.

„15 години! Горда сум на нас душо. Научивме како да трчаме заедно. Се надевам дека ќе издржиме барем уште петнаесет месеци. Те сакам и го сакам нашето семејство“, шеговито напиша Пинк.

Карли Харт исто така сподели видео од својата сопруга на Инстаграм профилот.

Тој ја објави Пинк која игра на бродот и го покажува средниот прст кон камерата.

„Петнаесет години со оваа неверојатна жена. Не постои никој друг со кој со задоволство би се движел во овој луд свет. Ти си прекрасна мајка, прекрасна сопруга и прекрасен пријател“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P!NK (@pink)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот