ФОТО: Перо Антиќ на тренингот на Црвена звезда!

фото: КФМ

Тејлор Рочести ја напушти Црвена звезда, но на тренингот се појави легендарниот играч на „црвено-белите“ екс НБА кошаркар, Перо Антиќ.

Секако, поранешниот македонски репрезентативец не се врати на теренот, туку само го посети својот омилен српски клуб, пренесуваат тамошните медиуми.

– Денеска на тренингот нѐ посети Перо Антиќ, на кого во оваа пригода му ја врачивме плакетата „Клуб 100“.

Тој забележа 136 настапи во дресот на Црвена звезда и постигна 1110 поени – пишува во Инстаграм објавата на клубот.

Еден убав гест од страна на Црвена звезда за сегашниот претседател на нашата кошаркарска федерација.. Воедно Антиќ доаѓа и непосредно пред утрешниот меч (19.00 часот) од Евролигата помеѓу Црвена звезда и уште еден негов клуб за кој како играч своевремено настапуваше и имаше големи успеси во професионалната кариера, грчкиот Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот