ФОТО: Ова се сите правнуци на кралицата Елизабета и еве што значат нивните имиња

Кралицата Елизабета има 11 правнуци и сите носат различни и долги имиња, од традиционални кралски како Џорџ и Луи до значајни прекари како Лилибет и Шарлот, а ова се приказните зад секое име.

Лилибет Дијана

Profimedia
Фото: Профимедиа

Е родена на 4 јуни 2021 година и е второто дете на принцот Хари и Меган Маркл. Нејзиното име дава омаж на две силни жени пред неа. Лилибет Дијана е именувана според бабата на принцот, кралицата Елизабета и неговата почината мајка, принцезата Дијана.

Елизабет е библиско име што на хебрејски значи „Бог е мојата заклетва“. На кралицата почнале да ѝ викаат Лилибет членовите на нејзиното семејство, кога била дете. Најновата членка на кралското семејство ќе биде прозивана како Лили.

Лукас Филип Тиндал

epa efe
EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Е роден на 21 март 2021 година и е третото дете и првиот син на Зара Филипс и Мијк Тиндал и петтото внуче на принцезата Ана. Лукас е првиот член на кралското семејство со тоа име. Значењето на името Лукас е „посилно од светлината“, а неговото средно име Филип е оддавање на почит на починатиот дедо на Зара, принцот Филип и таткото на Мајк.

Аугуст Филип Хок Бруксбенк

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Eugenie (@princesseugenie)

Е роден на 9 февруари 2021 година и е првиот син на принцезата Еугенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк и првото внуче на принцот Ендру и Сара – војвотката од Јорк. По неговото раѓање, принцезата Еугенија сподели дека нејзиниот син е крстен по неговиот дедо и по неговите 5 прадедовци. Аугуст е христијанското име на принцот Алберт и Филип, и воедно е оддавање почит на сопругот на кралицата и починатиот дедо на Еугенија. Хок е семејно име на страната од Џек Буксбенк.

Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор

epa-efe
EPA-EFE/TOBY MELVILLE

Е роден на 6 мај 2019 година и е првото дете на војводата и војвотката од Сасекс. Принцот Хари и Меган Маркл ја прекршија семејната традиција кога му дадоа име на синот што не е дел од кралската историја. Неговото име, Арчи, е кратенка од германското име Арчибалд кое значи „искрен и смел“ или „храбар“.

Мислевме на идејата на „архе“ – грчки збор што значи извор на акција. Го поврзавме со концептот за добротворната организација која сакаме да ја изградиме некогаш и тоа беше инспирација за името на нашиот син. Да направиме нешто што има значење“, рече парот во изјава од тој период.

Неговото презиме Маунтбатен-Виндзор го користат потомците на кралицата Елизабета и принцот Филип.

Лена Елизабет Тиндал

epa efe
EPA-EFE/GLENN HUNT

Е родена на 18 јуни 2018 година и е втората ќерка на Зара Филипс и Мајк Тиндал. Баба и дедо на Лена се принцезата Ана и Марк Филипс. Името на Лена, како тоа на нејзиниот брат Лукас значи „светлина“ на грчки. Поврзано е со името на принцезата Хелена, петтото дете на кралицата Викторија. Нејзиното средно име Елизабет е оддавање почит на кралицата. Лена го дели средното име со мајка ѝ, втора братучеда на Зара, Шарлота, принцезата Беатрис и принцезата Ана.

Луи Артур Чарлс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Е роден на 23 април 2018 година и е третото дете на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и тој името го дели со многу мажи во семејството. Името негово е содржано во целосните имиња на татко му и брат му Џорџ. Луи е француската верзија на името Лудвиг кое значи „славен воин“. Второто име Артур го дели повторно со татко му и дедо му принцот Чарлс. Артур реферира на легендарниот крал Артур кој ја создал „тркалезната маса“ во шести век.

Шарлот Елизабет Дијана

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Е родена на 2 мај 2015 година и е второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Нејзиното име е машка верзија на името Чарлс, нејзиниот дедо, и средното име на нејзината тетка Пипа Мидлтон која на француски значи „слободна“. Средното име е посвета на кралицата Елизабета, нејзината прабаба, а третото име и оддава почит на почината мајка на принцот Вилијам, принцезата Дијана.

Миа Грејс Тиндал

Е родена на 17 јануари 2014 година и е првото дете на Зара Филипс и Мајк Тиндал. Таа е внуче на принцезата Ана и Марк Филипс. Првото име – Миа е оригинално и не е дел од кралската традиција. Тоа потекнува од Египетскиот збор „сакана“ и Италијанскиот збор „моја“. Латинското потекло на средното име Грејс значи „шарм“.

Џорџ Александар Луи

Е роден на 22 јули 2013 година и е првиот син на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Џорџ е крстен по таткото на неговата прабаба Кралот Џорт VI. Средното име Александар е омаж на средното име на кралицата Александра. Александар на грчки е „бранител на луѓето“. Третото име Луи му е пренесено од татко му, Вилијам, чие четврто име е Луи, а тоа е добиено по вујкото на прадедо му лордот Луис Маунтбатен.

Ајла Елизабет Филипс

Е родена на 29 март 2012 година и е втората ќерка на Петар и Кели Филипс и второто внуче на принцезата Ана и Марк Филипс. Првото име на Ајла е посебно за кралското семејство и е Шкотскиот збор за „остров“. Нејзиното име се разбира, е оддавање почит на нејзината прабаба, кралицата Елизабета.

Савана Ана Филипс

Е родена на 19 декември 2010 година. Таа е првата ќерка на Петар и Кели Филипс. Савана е најстарата внука на кралицата Елизабета. Баба и дедо ѝ се принцезата Ана и Марк Филипс. Името на Савана е посебно и само нејзино, а средното име е омаж на баба ѝ, принцезата Ана. Тоа име го дели и со нејзината тетка, Зара Филипс, пренесува „People“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот