ФОТО: Ова е Застава 5700, суперспортски автомобил кој бил југословенско Ферари во „паралелниот универзум“

Сè што е во врска со овој модел, ако воопшто некогаш и постоел, 40 години се криело од јавноста, па денес нема ниту трага од четирите автомобили, колку што, наводно, се направени. Но, тоа не е сè…

Крагуевската „Црвена застава“, наводно, кон крајот на 1970-тите и почетокот 1980-тите години, тајно работела на неколку прототипови на автомобили кои никогаш не влегле во производство. А, можеби и не…

Феноменалното спортско купе Застава 5700 Исо, чии фотографии неодамна се појавија на Твитер и привлекоа големо внимание, наводно е произведено во само четири примероци, пишува српски „Телеграф“.

Тој прототип за погон користел голем V8 мотор со запремнина од 5,7 литри со 400 коњски сили. Моќниот агрегат можел да го протера елегантното купе до максимална брзина од 290 километри на час.

Проектот изгледа бил толку мистериозен што дури и денес, 40 години подоцна, нема ниту трага од четирите автомобили кои наводно биле направени, а се чини дека не постои ниту официјална документација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот