ФОТО | Отпечатоци од стапала ја решаваат мистеријата за населувањето на Северна Америка: Остатоците се стари повеќе од 21.000 години

Фото: National Park Service / Zuma Press / Profimedia

Времето на пристигнувањето на луѓето на американскиот континент продолжува да ги мачи научниците, но најновото истражување наведува дека човечките стапалки во Ново Мексико, стари повеќе од 21.000 години, се најстариот директен доказ за населувањето на Северна Америка, пренесува „Фис.орг“.

Во новата студија се вели дека отпечатоците од стапала се откриени на работ на античкото езеро во Националниот парк „Вајт Сендс“. Проценката за нивната старост беше објавена уште во 2021 година, но многу истражувачи не беа задоволни од доказите, па затоа беше потребен нов процес на датирање со радиоактивен јаглерод „C14“.

„Досега, истражувачите веруваа дека луѓето пристигнале во Северна Америка пред помеѓу 16.000 и 13.000 години. Меѓутоа, во последно време се акумулираат докази дека пристигнале многу порано. Во текот на 2021 година, тестовите покажаа дека фосилизираните остатоци од стапала од Националниот парк „Вајт Сендс“ во Ново Мексико се стари помеѓу 21.000 и 23.000 години, но имаше многу контроверзии, поради што теоријата не беше прифатена и беа обезбедени независни тестови“, се наведува во студијата.

Поради ова, истражувачот и автор Џефри Пигати и неговите колеги се вратија на отпечатоците за повторно да ги испитаат. Уште една беше откриено дека се стари помеѓу 21.000 и 23.000 години, што ја потврди тезата дека луѓето дошле многу подалеку јужно од ледената покривка за време на последниот глацијален максимум.

Томас Стафорд, независен археолошки геолог во Албакерки, кој не бил вклучен во истражувањето, вели дека претходно бил скептичен за овие тврдења, но сега има доволно докази и верува во тоа.

„Ако три сосема различни методи потврдуваат за периодот, тогаш тоа е навистина значајно“,  рече тој.

Како што е објаснето, истражувачите изолирале 75.000 зрна полен од истиот седиментен слој како и стапалките и така успеаа да ги датираат. Исто така, беа проучувани акумулираните оштетувања на кристалните решетки на древните кварцни зрна, а беа датирани и семињата на фосилизираните водни растенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот