ФОТО: Омилената актерка сурово ја исмеваат – Гнев и бес поради украсот на новогодишната елка на Џенифер Анистон

Фото :EPA/ANDREW COWIE

Иако на социјалните мрежи редовно зборува за пандемијата и за важноста на носењето маски, Џенифер Анистон малку се занела при изборот на новогодишни украси, што вознемири многу нејзини обожаватели.

Иако има милиони обожаватели низ светот, актерката очигледно налути многумина и тоа поради нејзиниот непромислен потег. Имено, на Инстаграм се пофали со еден специфичен новогодишен украс со кој ја украсила елката – дрвена плочка на која пишува „нашата прва пандемија 2020“.

Штом го видоа божиќниот украс, нејзините обожаватели ја опсипаа со куп коментари во кои изразија разочарување, тага и гнев поради потегот на актерката. Иако Анистон сигурно немала лоши намери, таа си ја загрози репутацијата.

„Дали Џенифер Анистон е ок?“, „Доста ми е од богатите луѓе“, „Славните личности навистина живеат во друг свет“, беа некои од коментарите на социјалните мрежи.

Сепак, некои застанаа во нејзина одбрана, тврдејќи дека тоа е безопасна шега и истакнувајќи дека актерката веќе го користела својот профил за промовирање активизам во текот на 2020 година.

„Сфаќам дека маските се непријатни и неудобни. Но, зарем не е полошо што компаниите пропаѓаат, луѓето губат работа, здравствените работници се апсолутно исцрпени. Овој вирус однесе толку многу животи затоа што не правиме доволно“, порача Анистон пред неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот