ФОТО: Огромните вештачки нокти на ова бебе предизвикаа војна меѓу мајките

Фото: Твитер

Деновиве се крена бура ширум социјалните мрежи. Причината? Eдна мајка станала мета на напад откако се пофалила со вештачките нокти на нејзиното бебе на Фејсбук. Мајката објавила четири фотографии од раката на бебето со маникир, на кои јасно се издвојуваат екстремно долгите и опасни вештачки нокти со различни дезени.

„И јас можам да направам нокти за вашите бебиња. Контактирајте ме со порака. Практично“, напишала таа во групата на Фејсбук, а на Редит брзо се појави и бизарната објава.

Фото: Твитер

„Можам да го разберам лакирањето на бебешките нокти, но ставањето лажни? Многу е опасно! Бебињата постојано си го допираат лицето и навистина можат да си ги оштетат очите“, „Страшно! Првата помисла ми е дека бебињата ги ставаат прстите во устата, втората ако се закачат на нешто, ќе се повредат, третата: „Зошто оваа лудост!““, „Бебешките нокти се остри сами по себе и не можам ниту да замислам да им направам на моите ќерки вакви“, „Бебешките нокти треба да се исечат за да не се повредат и ова е крајно глупаво“, ѝ порачале некои и ја предупредиле дека долгите нокти се крајно опасни за малите деца. Сепак, некои се убедени дека станува збор за Фотошоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот