ФОТО | Нов официјален портрет на британското кралско семејство

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Британскиот крал Чарлс Трети на својот најстар син Вилијам и на снаата Кејт неодамна им ги додели титулите принц и принцеза од Велс, кои тој и неговата покојна сопруга Дијана претходно ги имаа. Денес на профилите на британското кралско семејство се појави нов официјален портрет на кралот Чарлс и кралицата Камила со принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт. Портретот е направен во Бакингемската палата ден пред погребот на кралицата Елизабета.

„Нивното величество кралот и кралицата со нивното кралско височество принцот и принцезата од Велс. Снимено во Бакингемската палата на 18 септември, снимката е направена од Крис Џексон“, стои во описот на фотографијата која за помалку од 24 часа по објавувањето собра над 700 илјади лајкови на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

На фотографијата двата пара изгледаат опуштено, насмеани, а кралот ја има ставено раката во џеб. Неколку моменти откако беше направена оваа фотографија тие одржаа прием за светските лидери кои дојдоа на погребот во Лондон.

„Сликата навестува дека можеби се уште постојат моменти кога кралското семејство може да се повлече од должноста“, пишуваат британските медиуми и додаваат дека ова е фотографија која го симболизира почетокот на владеењето на Чарлс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Се истакнува и дека фотографијата ја прикажува „на дело намалената монархија на Чарлс“. Имено, новиот крал со години се залага од јавниот буџет да се финансираат само мал број членови на најтесното кралско семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Многумина пронајдоа одредена симболика во фотографијата.

„Ова е минатото и иднината на нашата монархија“, напишаа некои, воодушевени од овој потег на кралската палата, додека пак на други им пречи тоа што фотографијата е направена во период на жалост за кралицата: „Дали се сликате додека тагувате по мајка или баба?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Сепак, најголемо внимание привлече фактот дека на фотографијата ги нема вториот син на Чарлс, Хари и неговата сопруга Меган. Имено, во коментарите често се споменува терминот „The Fab Four“, односно „фантастична четворка“. Овој прекар првично го користеа Британците за Хари, Меган, Вилијам и Кејт, додека не дојде до поделба меѓу браќата. Сега така ги нарекуваат Чарлс, Камила, Вилијам и Кејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот