ФОТО | Никол Шерцингер наполни 43 години: Кој би погодил?

никол шерцингер том еванс роденден одмор комо италија

Никол Шерцингер, најпрепознатливата членка на групата „The Pussycat Dolls“, која ги обележа 2000-тите години со нивниот карактеристичен „секси“ музички и танцувачки стил изгледа како за неа да не тече времето на ист начин на кој тече за остатокот од светот.

Николе, својот 43-ти роденден го прослави на евергрин-романтичната дестинација, езерото Комо во Италија со нејзниот партнер, поранешниот рагбист Том Еванс. Парот сподели фотографии на нивните инстаграм-профили кои беа пресретнати со многу восхит и комплименти од обожавателите. Заслужно, се разбира, бидејќи Шерцингер во петтата деценија од нејзиниот живот изгледа извонредно.

Пејачката со низа на фотографии повторно нè потсети дека е една од најубавите жени на светот и седум годишната разлика меѓу неа и Том Еванс е само бројка, а никако препознатлив факт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thom Evans (@te11)

Партнерот ѝ го честитал роденденот со фотографија на неговиот инстаграм-профил во која напишал „Се надевам дека роденденот ти беше полн со љубов и убав колку што си ти“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thom Evans (@te11)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот