Пејачката Никол Шерцингер (42) е веќе една година во среќна врска со поранешниот актер Том Еванс (35), двојката во последните неколку месеци често споделуваше заеднички фотографии и видеа од нивните заеднички тренинзи на социјалните мрежи.
Кога не позира со своето момче, Никол позира во секси изданија, а Том веројатно е зад објективот.

„Збогум, лето. Здраво, есен“, напиша пејачката како опис на последната фотографија која ја сподели со своите обожаватели.

Пејачката позираше во бикини во риги и уште еднаш ги демантираше гласините дека е бремена кои неодамна се проширија низ странските медиуми. Поради нив, Никол ја избриша фотографијата од својот профил на Инстаграм која „крена прашина“ дека е пејачката е бремена.

Шерцингер доби бројни комплименти за фотографиите во бикини, а некои следбеници дури и се пошегуваа со неа.
„Каде е есента на која било од овие слики? Единствено нешто што гледам е лето“, напиша еден нејзин обожавател.

„Со тебе летото е секогаш секси“, напиша друг.