ФОТО: Навивачите на Јунајтед ги реализираа најавите, повторно протести во Манчестер

epa09173889 Demonstrators stand outside the entrance of Old Trafford during a protest against the Glazer family ahead of the English Premier League soccer match between Manchester United and Liverpool FC in Manchester, Britain, 02 May 2021. EPA-EFE/TIM KEETON

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и на Ливерпул вечерва (21.15 часот) на „Олд трафорд“ треба да го одиграа одложениот натпревар од 34. коло во Премиер лигата, но најголемото англиско дерби повторно е неизвесно поради протестите на навивачите.

Како што се гледа од фотографиите објавени на социјалните мрежи, навивачите на Манчестер јунајтед со автомобили го блокираат автопатот, а со тоа и автобусот со играчите на Ливерпул. Тие дури се обиделе и да ги избушат гумите на автобусот…

Во близина на „Олд трафорд“ пак се собраа околу стотина навивачи на Јунајтед кои повторно бараат заминување на сопствениците, семејството Глејзер.
Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул првично требаше да се одигра на 2. мај, но беше одложен поради упадот на навивачите на „Олд трафорд“.

 

 

Видео на денот