ФОТО | Науката одлучи според златниот пресек: Овие убавици ги имаат најсовршените нозе на светот!

Кајли Миног, Мишел Киган и Рита Ора / Фото: EPA

Сите тие се прекрасни сами по себе, но, според истражувањата, некои славни личности имаат „совршени екстремитети“.

Една од нив е актерката Мишел Киган, а според науката, нејзините нозе се вистинско совршенство.

Актерката Мишел Киган ги има најсовршените нозе на светот, според таканаречениот златен пресек, пишува „Сан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Keegan (@michkeegan)


Студијата на психолози од Универзитетот во Ливерпул и Универзитетскиот колеџ во Лондон открила дека идеалната должина на нозете е 1,4 пати подолга од горниот дел од телото. Мишел Киган може да се пофали со идеална разлика во должината на нозете и торзото.

На листата на жени од светот на шоубизнисот кои исто така, имаат совршени нозе според научните критериуми се најде и австралиската пејачка Кајли Миног.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)


Иако е позната како „џепна Венера“, 52-годишната пејачка има долги нозе, дури подолги од совршените пропорции.

На третото место е модната дизајнерка Викторија Бекам, чии нозе, како што е случајот со Кајли, се малку подолги од идеалната должина во однос на нејзината висина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


На четвртата позиција е пејачката Рита Ора, која вредно и напорно тренира за да изгледа занесно.

Рита Ора
Рита Ора / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

На листата сопственички на идеални нозе се најде и холивудската актерка Никол Кидман (53). Во однос на висината, нејзините нозе не се најдолги – но затоа никој не може да го негира одличниот изглед на Никол.

Никол Кидман / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Алиша Диксон, која е една од годинашните водителки на Евровизија, не е срамежлива кога е во прашање покажувањето на своите физички атрибути, а бидејќи има речиси совршени нозе, нема причина да ги крие. Своевремено ја понесе титулата сопственичка на најубави нозе во Велика Британија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALESHA DIXON (@aleshaofficial)


Ласкавата листа ја затвораат Аманда Холден и Кели Брук кои, како и другите сопственички на совршени нозе од гледна точка на науката, можат да се пофалат со завидни кариери, специфична убавина и шарм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Holden (@noholdenback)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот