ФОТО | „Нашиот прв Божиќ“: Актерот Жарко Димоски објави празнична фотосесија со семејството

Фото: Инстаграм/Жарко Димоски

Македонскиот актер Жарко Димоски и неговата сопруга Андреа Јосифова споделија фотографии од празничната фотосесија со нивниот четиримесечен син Вито.

Имено, актерот и неговата избраничка позираат во елегантно издание, а малечкиот Вито е облечен во божиќна облека. На дел од фотографиите може да се забележи и нивното куче Марли.

„Среќни празници од нашето најново џуџе. Нашиот прв Божиќ како комплетно семејство. На сите ви посакуваме љубов и радост во целата година“, напишаа тие во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Жарко Димоски
Фото: Инстаграм/Жарко Димоски
Фото: Инстаграм/Жарко Димоски
Фото: Инстаграм/Жарко Димоски
Фото: Инстаграм/Жарко Димоски

Да потсетиме, Жарко Димоски и Андреа Јосифова стапија во брак во август 2020 година, во хрватскиот град Ровињ.

Поради пандемијата на коронавирусот, двојката ја одложи свадбената прослава за две години подоцна – црквената венчавка ја направија во мај минатата година.

Тие станаа родители на синот Вито во септември годинава.

Фото: Инстаграм/Андреа Јосифова

Венчавка како од бајките: Во Ровињ се ожени актерот Жарко Димоски! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот