ФОТО: Наковска Бикова која се надева на медал со првите тренинзи во Токио

Наковска Бикова (стрелаштво) ќе настапи во три дисциплини во Токио/Фото: Македонски Параолимписки комитет

Оливера Наковска Бикова, единствената македонска спортистка на Параолимписките игри во Токио ги одработи тренинзите на двете, од трите стрелишта на кои ќе настапи.

Како што известуваат од Македонскиот параолимписки комитет купена е муниција, тестирана е, се одлучија со која ќе се настапи, засега добро е, сè е онака како што треба.

– Расположението во тимот е на високо ниво, се разбираме, соработуваме, спремаме тактики и варијанти, сериозно ги одработуваме обврските, функционираме, а тоа е најважно во моментов. Утре е нов ден, нови обврски, нови предизвици.

Ние остануваме посветени на она за што сме дојдени, во најдобро светло да ја претставиме нашата држава и нашиот параолимписки комитет – информираат од Македонскиот Параолимписки комитет.

Потсетување дека Наковска Бикова ќе настапи во три дисциплини: П2-воздушен пиштол жени 10 метри на 31 август, потоа П3-спорт пиштол 25 м на 2 септември и П4-пиштол слободен избор 50 м на 4 септември.

Наковска Бикова по петти пат ќе учествува на Параолимписки игри, таа на Игрите во Лондон 2012 година го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол (10 м).

Наковска Бикова по петти пат ќе учествува на Параолимписки игри/Фото: Македонски Параолимписки комитет
Наковска Бикова е освојувач на златен медал од Игрите во Лондон 2012/Фото: Македонски Параолимписки комитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот