ФОТО | На Лили Џејмс ѝ биле потребни „3 до 5 часа трансформација“ за да личи на Памела Андерсон

лили џејмс
лили Џејмс како Памела Андерсон/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Британската актерка Лили Џејмс ја толкува улогата на Памела Андерсон во серијата „Pam & Tommy“, a Томи Ли го игра актерот Себастијан Стен.

Она што јавноста веднаш го забележа е дека Лили физички премногу личи познатата Памела, но тој процес бил долг и мачен, пренесуваа странските медиуми.

Лили Џејмс како вистинска двојничка на Памела Андерсон во познатиот црвен костим за капење

Имено, шефот на одделот задолжен за фризури во серијата „Pam & Tommy“ неодамна откри дека за време на снимањето актерката секој ден ѝ требало долга трансформација пред да застане пред камерите.

Имено, Џејмс морала да помине низ „три до пет часа трансформација, од коса до шминка секое утро“, изјави Бери Ли Мо за „Variety“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @doublechicgirl

Иако ѝ требало долго време да се трансформира во Памела, Лили прифатила апсолутно се.

„Лили одлично се забавуваше на снимањето и навистина уживаше во секој момент од улогата што ја игра. Таа исто така сака да се облекува како Памела, а особено да носи неколку броја поголеми гради. Токму надградбата на градите ѝ помага целосно да се идентификува со Андерсон“, пред некое време изјави пријател на се попопуларната актерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот