ФОТО+ВИДЕО | На Констракта публиката во Загреб ѝ фрлала градници на сцена

Констракта за време на нејзиниот настап во второто полуфинале на Евровизија / Фото: EPA

Српската претставничка на Евровизија 2022 Ана Ѓуриќ Констракта во саботата одржала концерт во Загреб, Хрватска.

Констракта настапила со бендот „Земља грува“ и испеала многу свои хитови, меѓу кои и песната „In Corpore Sano“, со која го освои петтото место на Евровизија, пишува Индекс.хр.

Пејачката била облечена во бело од глава до пети, исто како што беше облечена и на евровизиската сцена, а публиката со неа во еден глас ги пеела песните.

По концертот Констракта се огласи на Инстаграм каде споделила симпатично видео во кое себеси се споредила со американската пејачка Били Ајлиш, а причина се – градниците.

Таа покажала дека за време на настапот добила голем број градници кои публиката ги фрлила на сцената.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Собирам градници од сцената, како Били Ајлиш“, се пошегувала музичарката.

Инаку, Ана Ѓуриќ Констракта е една од најпопуларните српски пејачки ѕвезди во моментот.

Констракта настапува сама последниве четири години, иако сè уште е врзана за „Земља Грува“, во која порано беше главен вокал.

Констракта за влезот на Србија во ЕУ: Не ти е добро здолништето девојче, врати се, поправи го

ВИДЕО | Едноставна, а моќна: Андреа со одличен настап во Торино

Што всушност значи песната: Сите симболи и референци во „In corpore sano“ на Констракта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот