Констракта за влезот на Србија во ЕУ: Не ти е добро здолништето девојче, врати се, поправи го
За време на гостувањето во емисијата „Nedjeljom u 2“, Ана Ѓуриќ, попозната за нас како Констракта го искажа својот став за членството на Србија во Европската Унија.
Препорачано
Александар Станковиќ ја праша музичарката дали би било добро Србија што поскоро да влезе во Европската унија. Констракта истакна дека „по толку години чекање за членство на Србија, тие се уморни од идејата“.
„Некако многу се одолговлече, секогаш имаме некои услови „не ти е добро здолништето девојче, врати се, поправи го…“ Работиме, а тоа секогаш бега. Не размислувам повеќе за тоа. Ја ценам идејата, но уморна сум“, рече таа.
Konstrakta on Serbia’s EU accession path: “I can only answer emotionally, not rationally. It’s tiring, taking so long, and despite us working on it, it’s never enough. I just stopped thinking about it. I respect the EU and I think it’s a good idea”. 1/2 pic.twitter.com/8YpwDKL7xP
— sтevan ⚕? (@ImStevan) May 30, 2022
Оговорот на Констракта налета на поделени мислења на „Твитер“. Некои ја поддржаа уметницата во презаситеноста од чекање, додека други целосно ја осудија, иако го предупреди новинарот дека на прашањето може да одговори само емотивно, а не рационално.


