ФОТО | На денешен ден пред 17 години е основан Твитер, еве како гласеше првата објава

Фото: Принтскрин/ Твитер

На денешен ден во 2006 година, Џек Дорси, Ноа Глас, Биз Стоун и Еван Вилијамс го создадоа Твитер, една од најголемите социјални мрежи во светот, која 17 години по нејзиното лансирање брои околу 450 милиони активни корисници месечно.

Твитер е основан на 21 март 2006 година, а првата целосна верзија на Твитер беше јавно претставена на 15 јули 2006 година. Веќе следната година, интересот за новата платформа нагло порасна откако во март беше претставена на конференцијата South by Southwest.

Истиот ден, 21 март 2006 година, на таа социјална мрежа беше објавен првиот твит, а го објави Џек Дорси.

„Јust setting up my twttr“ (Само што го поставувам мојот твттр“), гласеше првата објава на таа социјална мрежа.

 

Дорси ја понуди на продажба првата порака на Твитер преку сајтот „Вејлблес“.

Објавата беше продадена како НФТ во 2021 година за 2,1 милиони долари, а беше купена од крипто-претприемачот Сина Естави. Кога минатата година дојде до крах на пазарот на криптовалути и НФТ, неговата вредност падна на само 6.800 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by South China Morning Post (@scmpnews)


Социјалната мрежа Твитер во октомври минатата година ја презеде Илон Маск, кој за неа плати 44 милијарди долари.

Првиот твит на основачот на „Твитер“ продаден за 2,9 милиони долари

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот