ФОТО | На Аврил Лавињ ѝ се исполнети соништата: Доби веренички прстен во Париз

Аврил Лавињ, Фото: Инстаграм

Аврил Лавињ ни кажа дека ќе заврши со „Sk8r Boi“ уште во 2002 година, а две децении потоа ја отелотвори својата песна со тоа што се сврши со вистинскиот скејтбордер и рапер Мод Сан.

Поп-ѕвездата ја сподели веста за нејзината свршувачка на „Инстаграм“, со фотографии направени во моментот кога Mod Sun го постави судбоносното прашањето во Париз кон крајот на минатиот месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Раперот на едно колено со Ајфеловата кула во позадина ја запросува пејачката, а на следните слики се гледа дека парот среќно се насмевнува додека пејачката го покажува својот дијамантски прстен.

Покрај сликите, Аврил напиша: „Да! Те сакам засекогаш. Недела. 27. март. 2022 година“.

Веста беше проследена со коментари на возбуда и честитки, при што некои обожаватели на шега се повикуваат на песната на Аврил од 2002 година.

„Sk8er boi“ оди на големото платно! Аврил Лавињ подготвува филм за легендарната песна на генерацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот