„Sk8er boi“ оди на големото платно! Аврил Лавињ подготвува филм за легендарната песна на генерацијата

аврил лавињ
Фото: Принтскрин / Instagram

Аврил Лавињ ќе ја пренесе нејзината иконска песна „Sk8er boi“ на големото платно!

Во ново интервју, 37-годишната музичарка откри дека моментално работи на адаптација на „Sk8er Boi“ во филм.

„Неодамна, со оглед на тоа што е скоро 20-годишнината, многу луѓе ме прашуваа да ја пуштам оваа песна на ТВ емисии, па таа постојано се обновува и луѓето секогаш ќе ја повикуваат на мене. И така, всушност ќе ја претворам оваа песна во филм и ќе ја однесам на следното ниво“, сподели Аврил во подкастот на „iHeartRadio“ во кој гостуваше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Аврил го издаде синглот „Sker Boi“ во 2002 година, кој се најде на нејзиниот деби албум „Let Go“, со што се прослави и стана ѕвезда, а песната стана легендарен хит кој ги одбележи периодот и генерацијата која растеше со почетокот на новиот милениум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Песната ја раскажува приказната за една тинејџерка која одбива момче лизгач затоа што нејзините пријатели не го одобруваат, иако таа потајно има чувства кон него. Потоа, години подоцна, таа се кае за својата одлука додека го гледа како настапува на „MTV“.

„Момчето скејтер е вљубено во девојка од висока класа, и таа е премногу кул за него. Но, за пет години од тогаш таа го храни бебето и е сосема сама и сака да го следи своето срце и да не се обидува да ги исполни очекувањата на општеството“, објасни Аврил.

Иако Аврил – која треба да оди на светска турнеја во 2022 година како поддршка на нејзиниот најочекуван седми студиски албум – не понуди повеќе детали за потенцијалната адаптација на големиот екран, таа навистина размислува за инспирацијата зад поп рок химната.

„Знаете како беше во средно училиште, ги имате сите различни групи и класи. Тоа е нешто како пропуштена шанса во љубовта“, објасни Лавињ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Во меѓувреме, не е првпат да има разговори за претворање на песната во филм, бидејќи „Paramount Pictures“ наводно ја разгледувала можноста уште во 2003 година по инстант успехот на големиот хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот