ФОТО | Музејот на Југославија со носталгична објава: Дали се сеќавате на оваа барбика?

Фото: Инстаграм/Музеј на Југославија

Музејот на Југославија, по големиот успех на филмот „Barbie“, се присети на омилената барбика на девојчињата во поранешната држава – куклата инспирирана од пејачката Лепа Брена.

„Додека целиот свет лудува по новиот филм ‘Барби’, ние од нашата колекција ја издвојуваме куклата направена по ликот на Лепа Брена. Овој производ, со ликот на познатата пејачка, е направен со албумот ‘Боли ме уво за све’, кој е дел од музиката за филмот ‘Хајде да се волимо 3’ од 1990 година. Иако е изоставена од актуелниот филмски спектакл, музејот е тука за да ја исправи неправдата и да потсети на овој важен југословенски придонес на Барбиленд“, напишаа оттаму во описот на фотографиите со познатата кукла.

Фото: Инстаграм/Музеј на Југославија

Многу колекционери се заинтересирани за оваа кукла, која ја имаа многу девојчиња во Југославија. Денес вреди приближно 250 евра. Цената, се разбира, зависи од зачувувањето на куклата и опремата што оди со неа.

Фото: Инстаграм/Музеј на Југославија

Интересно е и тоа што делови од куклата се продаваат засебно. На пример, одделно можете да купите само глава, рака или нога од куклата. Цената на поединечните делови се движи од 5 до 20 евра.

Ако Барби беше вистинска жена: Не ќе можеше да ја држи главата исправена, ниту да стои на нозе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот