Ако Барби беше вистинска жена: Не ќе можеше да ја држи главата исправена, ниту да стои на нозе

Кукла Барби, барбика
Куклата Барби / Фото: Profimedia

„Barbie“, долгоочекуваниот филм на режисерката Грета Гервиг, конечно пристигна во киносалите ширум светот, а т.н. „Барбиманија“ ги зафати сите оние кои пораснале со култната кукла Барби.

Многумина сметаат дека актерката Марго Роби е совршен избор за оваа улога и дека визуелно многу потсетува на Барби. Но, дали некогаш сте се запрашале како би изгледала вистинска жена кога би го имала телото на оваа кукла?

Дали навистина е естетски идеал?

Имајќи предвид дека куклата претставува естетски идеал во очите на милиони млади девојки, група здравствени експерти создадоа фотореалистичен модел за тоа како би изгледала Барби кога би била вистинска личност.

Покрај тоа што воопшто не би била пријатна за око, вистинската Барби воопшто не би имала пријатен живот затоа што не би можела да ја држи главата исправена поради долгиот врат и би морала да ползи, бидејќи глуждовите ѝ се премногу тенки.

Експертите од американските центри за зависности „Rehabs“ создадоа модел за подобро да разберат колку е одвоен изгледот на куклата од реалноста.

„Нашиот фотореалистичен модел покажува колку бизарно би изгледала куклата кога би била со големина на вистинска жена. Веднаш можете да ги забележите невозможните физички пропорции на куклата, кои многумина ги идеализираат и ги сметаат за совршенство“, наведуваат американски експерти.

Тимот процени дека нејзината глава би била со обем од 56 сантиметри, додека нејзиниот врат би бил дебел само 23 сантиметри. За споредба, вратот на жена со просечна градба има просечен обем од 30 до 33 сантиметри.

Поради ова, Барби би имала големи тешкотии да ја држи главата исправена.

„Со двојно подолг врат, кој е 10 сантиметри потенок, Барби не би можела да ја држи главата исправена“, истакнуваат на веб-страницата на американските центри за зависности.

Кукла Барби / Фото: Mattel / Ferrari / Profimedia

Не би имала место за црева и би морала да ползи

Нејзината тенка половина од 40,5 сантиметри, која е помала од обемот на нејзината глава, би ѝ направила огромни проблеми:

„Барби би имала место за половина црн дроб и само десет сантиметри црева.“

Популарната кукла е позната по своите долги нозе, кои се за 50 отсто подолги од рацете, додека просечните женски нозе се само 20 отсто подолги.

Во комбинација со нејзините минијатурни стапала и тенки зглобови, тоа би го направило одењето речиси невозможно.

„Со екстремитети долги 15 сантиметри, стапала со големина на дете и потежок горен дел на телото, Барби ќе мора да оди на сите четири нозе, односно да ползи“, објаснуваат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот