Леонардо Дикаприо / Фото: EPA/RYAN SUN

ФОТО | Мустаќите на Леонардо Дикаприо го привлекоа вниманието на црвениот тепих на Оскарите

Актерот Леонардо Дикаприо стана ѕвезда на овогодинашните Оскари, но не од причините што можеби ги очекувате. Иако познатиот актер беше номиниран во категоријата за најдобар актер за неговата улога во филмот „Една битка по друга“, големата трансформација а во неговиот изглед беше во преден план.

Дикаприо се појави на церемонијата на доделување награди со впечатливи мустаќи, што стана главна тема на социјалните мрежи. Додека на некои не им се допадна новото дополнување, други се согласија дека актерот изгледа подобро од кога било.

„Жал ми е, но мустаќите му изгледаат одлично. Изгледа подобро од кога било“, „Мустаќите навистина му одговараат“, „Фактот дека Леонардо Дикаприо изгледа малку згодно не беше на мојата бинго картичка“, напишаа некои.

Фото: EPA/RYAN SUN

Обожавателите се пошегуваа и дека Дикаприо му ги „украл мустаќите“ на актерот Педро Паскал, кој се појави на овогодинешната церемонија на доделување награди без неговите препознатливи мустаќи.

Како што пишуваат странските медиуми, актерот започна со снимање на нов проект со еден од неговите омилени долгогодишни соработници, Мартин Скорсезе, наречен „Што се случува навечер“, во кој глуми заедно со Џенифер Лоренс. Неколку фотографии од снимањето на филмот почнаа да кружат на интернет, сугерирајќи дека Дикаприо можеби ги носи мустаќите специјално за улогата.

ГАЛЕРИЈА | Црвениот тепих на Оскарите 2026: Кристали, пердуви и гламур на највисоко ниво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот