ФОТО | Момчето ја убил менаџерката на Ким Кардашијан: Телото го сокрил во багажникот на автомобилот

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Анџела „Енџи“ Кукавски (55) претставуваше голем број славни личности, меѓу кои и познатата старлета Ким Кардашијан (41). Според изјавите на полицијата во Лос Анџелес, исчезнувањето на Кукавски било пријавено на 22 декември. На 23 декември, полицијата отишла на адреса во долината Сими каде што било пронајдено телото на менаџерката во багажникот на автомобилот.

Нејзиното момче Џејсон Баркер (49) е уапсен и обвинет за нејзиното убиство. Полицијата тврди дека Баркер наводно ја убил Енџи во нејзиниот дом во Шерман Оукс, во раните утрински часови на 23 декември го ставил нејзиното тело во автомобилот и потоа го оставил автомобилот во долината Сими, северно од Лос Анџелес.

Уапсениот е задржан во полиција со гаранција од 2 милиони долари.

Енџи била многу успешна и работеше за многу други познати личности, меѓу кои Ники Минаж (39) и Канје Вест (44).

„Тажни сме и скршено срце поради загубата на нашата колешка, Енџи Кукавски. Енџи беше љубезна, прекрасна личност и многу ќе им недостасува на сите што ја познаваа. Изразуваме наше најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Енџи“, изјавил член на нејзината компанија, Тод Бозик, за „Вариети“.

Кукавски, позната и како Анџела Кастро, била мајка на пет деца и, според пријателите, била сакана и почитувана во забавната индустрија.

Ники Минаж, Ким Кардашијан и други славни личности се простуваат од Анџела на социјалните мрежи.

Ники Минаж/Фото: Инстаграм/Принтскрин

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот