ФОТО | Модата на црниот тепих на „Ем-Ти-Ви“ видео музичките награди

Фото: EPA-EFE

Синоќа во Њу Џерси се одржаа доделувањето на видео и музичките награди на „Ем-Ти-Ви“ кои собраа голем број познати личности. Сепак, се чини дека најголемите имиња решија да го пропуштат овој настан, но ѕвездите кои прошетаа по црниот тепих, дадоа сè од себе за да остават впечаток.

EPA-EFE/JASON SZENES

Со оглед на тоа што „Ем-Ти-Ви“ наградите се сметаат за церемонија каде што е дозволено речиси сè кога е модата во прашање, желбата за гламурозен и впечатлив изглед многу лесно може да премине во кич.

EPA-EFE/JASON SZENES

Имавме можност да видиме многу ексцентрични комбинации и парчиња кои се граничат со невкусни, но и ексцентричи модни изгледи, а дефинитивно меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание беше Анита, пејачката која ја доби наградата за најдобар латино артист на годината.

EPA-EFE/JASON SZENES

Таа на црвениот тепих се појави во креација со потпис на модната куќа „Schiaparelli“. Младата пејачка беше облечена во долг црвен фустан со необичен корсет кој делумно ја откриваше едната града.

Фото: Профимедиа

Ѕвезда на вечерта беше Тејлор Свифт во сребрен мини фустан на Оскар де ла Рента, додека Беки Џи носеше необична тоалета на Зухаир Мурад.

EPA-EFE/JASON SZENES

Тука беше и Лизо, во предимензиониран фустан во црна боја, за чиј изглед доби многу негативни критики, додека Софија Карсон беше стилизирана во елегантен црн фустан со со качулка, со потпис на модната куќа Каролина Херера.

EPA-EFE/JASON SZENES

Сепак, се чини дека никој не предизвика реакција како Лил Наз Екс, кој носеше необична кринолина украсена со црни пердуви над светкавите црни панталони, надополнувајќи го изгледот во волуменозна со сличен украс на неговата глава.

EPA-EFE/JASON SZENES
EPA-EFE/JASON SZENES

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот