ФОТО | Милена Антовска испрати моќна порака по повод 8 Март: Не само денеска, туку секој ден…
Меѓународниот ден на жената попознат како 8 Март, е интернационален празник со кој се слават економските, политичките и социјалните достигнувања на жените и рамноправноста со мажите.
Препорачано
Жените ширум светот сè уште се борат со различни предрасуди, дискриминација, особено во деловниот свет, сè уште заработуваат помалку од своите машки колеги, а често се изложени на сексуално вознемирување, мобинг и злоупотреба.
Денеска се слави борбата на жената за рамноправност.
По повод Меѓународниот ден на жената, се огласи нашата позната ТВ-водителка Милена Антовска Станковска со моќна порака.
Мајката на две деца, Лана Марија и Јоана, објави на Фејсбук фотографија на која позира со постарата ќеркичка Лана Марија и го честиташе Меѓународниот ден на жената.
„Среќен Меѓународен ден на жената… Не само денеска, туку секој ден ја учам дека не е родена само за да чисти и пегла, готви и пере… да не биде кукла што ќе трепка и клима со глава, туку јасно и цврсто да ги изразува своите ставови и да се бори за своите соништа. Може да биде се што ќе посака“, напиша Милена на самата фотографија.
Интервју со Милена Антовска Станковска: Ја родив Јоана во ковид-центар, првпат ја видов по три дена
ФОТО | Милена Антовска објави прва фотографија од бебето Јоана: Сестрите не се испуштаат од раце


