ФОТО | Милена Антовска објави прва фотографија од бебето Јоана: Сестрите не се испуштаат од раце
За познатата ТВ-водителка Милена Антовска Станковска 2022 година почна на најубав начин.
Препорачано
Милена на големиот празник Василица го доби најубавиот подарок. Водителката стана мајка по вторпат, на свет ја донесе ќерката Јоана. Меѓу другото, интересно е тоа што Милена имаше две причини за славење – на Василица ја роди Јоана, а само ден претходно, убавата водителка го прослави својот 35-ти роденден.
Јоана воедно е и втора ќерка на Милена и нејзиниот сопруг Гордан, кои се веќе родители на четиригодишната Лана Марија.

Интересен е фактот дека и нивната прва ќерка, Лана Марија, е родена на голем празник – Голема Богородица, што воедно ги навело и тогаш новопечените родители да го додадат името Марија на веќе избраното име Лана.
Водителката сега ужива во семејната идила со своите две ќерки. По повеќе од две недели по породувањето, Милена ја објави првата фотографија од бебето Јоана. Станува збор за фотографија која разнежнува на која постарата ќеркичка Лана Марија ја држи за рака својата новородена сестричка.

„Сестри“, напишала Милена во описот на фотографијата.
Инаку, Милена, како што ни кажа, уживала во текот на бременоста, иако втората бременост ѝ била малку потешка од првата, поради што не смеела многу да се изморува, но, за среќа, имала помош од нејзините најблиски, од нејзиното семејство.


