фото: Слободен печат/Методи Здравев

ФОТО | Мицкоски го пречека Антонио Кошта

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата“, напиша на Фесбук министерот Муцунски.

фото: Слободен печат/Методи Здравев

Кошта пред зградата на Владата беше пречекан од премиерот Христијан Мицкоски, со кога е предвидено да има тет-а-тет средба, по што ќе следува состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет.

фото: Слободен печат/Методи Здравев

Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни.

фото: Слободен печат/Методи Здравев

Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците во врска со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

„Мојата втора турнеја на Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Импулсот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати“, изјави Кошта пред посетата на регионот.

Во Скопје тој допатува од Тирана, а посетата ја почна вчера од Сараево.

Утре, Кошта ќе се упати кон Приштина, а в четврток ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора.

На 5 јуни Кошта ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

Претседателот на Европскиот совет денеска во Скопје на средба со Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот