Matto Napoletano добитник на престижно признание за автентична неаполитанска пица  / Фото: Промо

ФОТО: Matto Napoletano добитник на престижно признание за автентична неаполитанска пица

Скопскиот ресторан Matto Napoletano стана официјален член на AVPN (Associazione Verace Pizza Napoletana) – реномирана асоцијација со седиште во Наполи, Италија, која се смета за водечки авторитет во светот кога станува збор за неаполитанската пица.

Членството во AVPN се доделува исклучиво на објекти кои доследно ги применуваат традиционалните техники и строго утврдените стандарди за подготовка на неаполитанска пица. Ова гастрономско наследство е дел од нематеријалното културно богатство заштитено од UNESCO, што дополнително ја нагласува неговата глобална вредност и значење.

Matto Napoletano добитник на престижно признание за автентична неаполитанска пица / Фото: Промо

Свечениот настан се одржа во присуство на високи претставници на AVPN, предводени од претседателот Антонио Паче и генералниот директор Стефано Аурикио, како и амбасадорот на Италија и претставници од дипломатскиот кор.

Matto Napoletano добитник на престижно признание за автентична неаполитанска пица                     / Фото: Промо

„Ова за нас не е само уште едно признание, туку предизвик секојдневно да се чува традицијата на ова препознаено гастрономско наследство,“ изјавија Зоран Васиљевиќ и Дане Кузмановски, креатори на Matto Napoletano.

Matto Napoletano добитник на престижно признание за автентична неаполитанска пица / Фото: Промо
Matto Napoletano добитник на престижно признание за автентична неаполитанска пица                        / Фото: Промо

Во рамки на настанот, посебно признание му беше доделено и на главниот пицајоло Горан Мишевски, AVPN сертифициран мајстор, кој стои зад доследната примена на сите стандарди во секојдневната работа.

Со ова признание, и по низа меѓународни сертификати и достигнувања во областа, Мишевски го заокружува својот професионален пат, позиционирајќи се како еден од ретките – и единствен во регионот – пицајоло со комплетен сет релевантни сертификации за неаполитанска пица, со AVPN како највисоко признание.

Matto Napoletano добитник на престижно признание за автентична неаполитанска пица / Фото: Промо

Matto Napoletano станува единствената AVPN сертифицирана пицерија во Македонија, приклучувајќи се на глобалната мрежа на објекти кои ја негуваат и пренесуваат автентичната неаполитанска традиција.

Matto Napoletano добитник на престижно признание за автентична неаполитанска пица    / Фото: Промо

Комерцијален текст

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот