ФОТО | Марија Исаиловска ни носи одличен рецепт: Мека фокача со лук и рузмарин

Марија Исаиловска/Инстаграм
Марија Исаиловска/Инстаграм

Магичните пекарски способности на Марија Исаиловска се постојано на дофат на нејзиниот инстаграм-профил. Марија денеска со нас сподели рецепт за мека фокача со крцкава, ароматична кора.

Состојки:

  • – 600 гр остро брашно (плус 2-3 лажици по потреба)
  • – 1 свеж квасец
  • – 1 шолја топла вода
  • – 1 лажица шеќер
  • – 1 и пол лажичка сол
  • – 1/4 шолја + 1/4 шолја ладно цедено маслиново масло
  • – 2 чешниња лук
  • – 1 гранче свеж рузмарин
  • – 1 прстофат крупна морска сол

Подготовка:

Свежиот квасец се кине на парченца и се става во длабок сад. Во него се додава топлата вода и шеќерот. Смесата не се меша. Се остава 5 минути, додека квасецот не почне да пени. Потоа смесата се промешува и се додава брашното. Се додава солта. Тестото се меша енергично со дрвена лажица. Ќе добиете мека и многу леплива смеса. Се додава 1/4 шолја маслиново масло (плус 1-2 лажици). Со намастени раце се меси мекото тесто во истиот сад каде што ги соединивме состојките. После 5 минути месење, тестото сѐ обликува во топче и се прекрива со фолија. Вака треба да стои 1 час на топло додека не се дуплира во волумен.

Тестото се вади на убаво набрашнета површина. Се преклопува неколкупати надолжно и попречно. Се става во тава бр. 32 или поголема, претходно обложена со хартија за печење и намастена со масло. Се остава да стаса уште половина час. Лукчето се сецка тенко. Рузмаринот се мие и се дели на помали снопчиња листови. Тестото се прелива со 1/4 шолја маслиново масло. Се редат лукчето и рузмаринот и крупната морска сол. Со намастени раце нежно се притиска со прстите, за да се направат набори. Целта ни е да се појават што повеќе меури со воздух покрај секоја вдлабнатина што ја правиме со прстите. Вака спремната фокача ја оставаме да „одмори“ уште 20 минути.

Марија Исаиловска/Инстаграм
Марија Исаиловска/Инстаграм

Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови. Решетката за печење се поставува на средина од рерната. На дното од рерната поставуваме помала тава (16-18 см) до пола наполнета со вода. Фокачата се става да се пече 30 минути, додека не порумени. На пола од печењето, се вади садот од дното на рерната. Печената фокача може да се попрска со 2 лажици маслиново масло во кое претходно било пропржено лукче, околу една минута. Резултатот е меко, сунѓересто лепче со крцкава и ароматична кора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот