Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Мами погледи со згодното тело: 27-годишната девојка на Дикаприо позираше топлес покрај базен

Познатата манекенка Виторија Черети (27) и девојка на Леонардо Дикаприо (50), ужива голема популарност на социјалните мрежи. Со оглед на тоа што е една од најбараните модели денес, но и подобрата половина на холивудскиот заводник, очите на јавноста секогаш ја следат – каде и да оди, што и да прави…

Се вели дека успеала да го „совлада“ Дикаприо, а актерот ги променил своите животни цели поради неа. Во неодамнешно интервју за „Ескваер“, тој го истакна следново: „Едноставно имате желба да бидете поискрен и да не го губите времето. Мора да бидете многу поотворени. Тоа е речиси одговорност, бидејќи многу повеќе од вашиот живот е зад вас отколку пред вас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

Покрај тоа што ги менува навиките на својот сакан, Виторија успева да ги израдува и многуте обожаватели на мрежите. Таа, неодамна објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм, а онаа во топлес привлече големо внимание.

Виторија гордо позираше пред објективот на фотоапаратот, а градите ги покри со раката. Сепак, некои делови од телото беа видливи, а јавноста имаше можност да се восхитува на нејзината згодна фигура. Стајлингот го комплетираше со едноставна фризура – висока пунџа, а меѓу многуте фотографии, се гледаа и оние со минимална количина шминка.

ВИДЕО | Шарлиз Терон ги „исплука“ Џеф Безос и Лорен Санчез: „Тие се за никаде“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот