ФОТО: Малку се вложува, многу се уништува, новите клупи на тетовскиот плоштад не издржаа ниту два месеци

Новите клупи кои на градскиот плоштад беа поставени пред речиси два месеци мета на вандали.

Непознати сторилите ги извадиле и оштетели дел од клупите.

„Од вакви вандалски појави не сме изненадени , но како е можно и во центар на Тетово ова да се случува и тоа на плоштад каде има постојано полиција, а каде има и камери. Овие сторители под итно да се пронајдат и да се казнат, за да не се повторуваат ваквите дела. На нас пензионерите само ова место ни остана каде што ќе приседневме во вечерните часови“, вели една пензионерка од Тетово.

Фото: Фејсбук/Општина Тетово
Фото: Фејсбук/Општина Тетово

Клупите на градскиот плоштад беа дел од проектот за модернизација на плоштадот на општинските власти, кој се сведе само на поставување на неколку клупи и засадување на неколку дрвца. Инвестицијата се реализираше по претходно изработен проект на студентите од Универзитетот во Тетово.

На вандалскиот чин реагираа општинските власти. Вандализмот не треба да има свое место во 21 век. Но за жал, некој го уништува тоа што го правиме за нашето Тетово, пушува во фејсбук профилот на Општина Тетово.

„А, ваквите неубави дејствија не му одат никому во прилог, напротив претставуваат една грда слика за нашиот град. Урбаната опрема е на сите нас, градот е заеднички. Ако не работиме заедно, тешко ќе го развиваме и ќе одиме напред.Апелираме до граѓаните да го чуваат градот, оти тој е дом на секој од нас.Се надеваме дека надлежните ќе ги пронајдат и казнат оние кои го нагрдија градскиот плоштад и дека повеќе нема да се случуваат вакви работи“, напишаа од Општина Тетово.

Во Тетово ретко и се вложува во нешто кое ќе служи за одмор, рекреација и прошетки. Вандалите уништуваат, инспекцијата и полицијата не казнува, а општинарите тоа еднаш што го изградиле и поставиле ако се оштети, не го менуваат или санираат.

И на единствениот парк во Општина Тетово во близина на автобуската станица, „Жена парк“, на површина колку еден фудбалски стадион, вандалите му го најдоа „чарето“.

Фото: Слободен печат

Урбаната опрема како клупи и реквизити за вежбање или е украдена или е оштетена. Слична е сликата и на „Скејт паркот“, лоциран веднаш до „Жена паркот“.

Локацијата пак која граѓаните со години ја бараат да се пренамени во градски парк на само стотина метри од Жена паркот е претворена во џунгла од трева и трње, а на места има и разновиден отпад.

Се работи за површината од поранешниот спортски центар, долж булеварот Индустриска.

ФОТО: Наместо парк во Тетово џунгла од трева и трње

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот