ФОТО: Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во тимот на колото во шкотската Премиер лига

Резултатите на Абердин сезонава во најсилното шкотско фудбалско првенство не се најдобри за нас, но од друга страна радува што Бојан Миовски покажува одлични игри и постигнува голем број на голови.
Напаѓачот на македонската А репрезентација е на третото место на листата најдобри стрелци во шкотската Премиер лига со 14 голови, поефикасни од него се само Кјого Фурухаши (Селтик, 19 голови) и Лоренс Шенкленд (Харт од Мидлотиан, 17 голови).
После трите порази во низа, нашиот играч го врати Абердин на победничките патеки, беше двоен стрелец во триумфот над Мадервел (3:1).
Миовски доби ново признание и се најде во тимот на колото во шампионатот на Шкотска, а во истиот се наоѓа уште еден играч на Абердин, централниот бек Мети Полок.
Абердин се наоѓа на седмото место со 32 бодови и во следното коло на 18 февруари ќе му гостува на водечкиот Селтик кој има 70 бодови, девет повеќе од второпласираниот Ренџерс.
Your @Football_Scot 𝗣𝗿𝗲𝗺𝗶𝗲𝗿𝘀𝗵𝗶𝗽 𝗚𝗪𝟮𝟱 𝗧𝗢𝗧𝗪! 🏴
• Aaron Mooy is our 🌟 man after a stellar display in the middle of park for Celtic in Perth 🍀
• Bojan Miovski scored a brace for Aberdeen while Joel Nouble was back to his best for Livi 🔴🦁 pic.twitter.com/jeSuKGhMJb— Football Scotland (@Football_Scot) February 6, 2023