ФОТО: Македонскиот голман Димитриевски во тимот на колото во шпанската „Ла Лига“

Столе Димитриевски, голманот на Рајо Ваљекано/фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Можеби и во прав момент пред новите репрезентивни обврски, Столе Димитриевски доби ново признание во Шпанија.

Македонскиот голман се најде во тимот на колото во „Ла Лига“ во изборот на еден од најпознатите шпански спортски медиуми, „Марка“.

Нашиот чувар на мрежата повторно блескаше со своите одбрани во дресот на Рајо Ваљекано кој триумфираше со 2:1 над Валенсија.

Во тимот на колото се наоѓаат и Хосе Анхел, Араухо, Луиз Фелипе, Реинилдо, Валверде, Рубен Гарсијa, Иско, Нико Вилијамс, Унал и Родриго.

Потсетување дека Димитриевски се наоѓа на списокот играчи кај селекторот Благоја Милевски за претстојните мечеви во Лигата на нации против Грузија и Бугарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARCA (@marca)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот