ФОТО | Мајкл Даглас на матурската вечер на неговата ќерка: Мислеа дека сум нејзиниот дедо

Instagram
Instagram

Славниот актер Мајкл Даглас ја раскажа непријатната ситуација што ја доживеал на прославата за матурата на неговата ќерка Керис во шоуто Кели Кларксон.

Имено, родителите на другите матуранти помислиле дека Мајкл е нејзиниот дедо, а не нејзиниот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)


„Беше убаво. Јас сум многу горд на неа. Но, ми беше малку непријатно и звучеше грубо кога другите родители ми рекоа: Честитки, мора да се гордееш со својата внука. Во ред е. Не го сфатив тоа сериозно, тие само се обидоа да бидат љубезни“, изјавил Мајкл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CZD (@carys.douglas)


Дипломирањето билo виртуелно поради пандемијата, а актерот подоцна објави семејна фотографија од прославата на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CZD (@carys.douglas)


„Керис, честитки за тебе и целата твоја генерација. Мајка ти и јас сме многу горди на тебе. Те сакаме многу и сме возбудени за твојата иднина затоа што најдоброто допрва доаѓа. Тато“, напиша актерот покрај фотографијата.

Мајкл и неговата сопруга Кетрин Зета – Џонс ги имаат ќерката Керис и синот Дилан, а со Диандра Лукер го има синот Камерон.

ФОТО | Фотографија полна љубов: Мајкл Даглас во прегратка со својот едномесечен внук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот