ФОТО | Мајка и син облечени во ист костум: Марија Шерифовиќ направи забава за 1. роденден на малиот Марио
Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ пред неколку дена го прослави 1. роденден на нејзинот син Марио.
Препорачано
Гордата мајка често објавува фотографии и видеа од својот син, како и смешните моменти кои успева да ги долови, па така и овој пат објави фотографии од забавата што ја приреди за оваа убава пригода.

Имено, Шерифовиќ направила интимна прослава за најтесниот круг на блиски луѓе, а на својот инстаграм-профил сподели фотографии со синот и ги воодушеви сите.

„Малечко мое, ајде јас и ти лесно во втората година. Годината на најголемите промени е зад мене. Првенствено емотивни. Да ми кажеше некој дека може толку да се сака – ќе му кажев дека не е нормален! Семејство, кумови, пријатели, колеги – ви благодариме за честитките! Ве сакаме“, напиша Марија во описот на објавата каде позира со синот во рацете.
Марија и нејзиниот син беа исто облечени и за оваа прилика носеа зелени костуми. На многумина им се допадна и детската торта која беше украсена со цртани мотиви.
View this post on Instagram
Синот на Марија Шерифовиќ денеска слави прв роденден: „Не спиев два дена и две ноќи, те чекав“


