ФОТО | Мадона „уловена“ од папараците, фановите рекоа: Нема каде да бега од филерите, личи на Мерилин Менсон

Мадона/инстаграм
Мадона/инстаграм

Кралицата на поп музиката, Мадона веќе со месеци е на мета на критики поради интензивното користење филери, корекции за подмладување, но и фотошоп.

Комбинацијата од овие неколку работи на нејзините фотографии прави ефект како Мадона да има 20 години, па публиката не е убедена дека Мадона навистина изгледа така.

Совршено „испеглан“ тен, без ниедна брчка, истакната вилица, носот, полните усни… Сево ова блика на секоја фотографија која Мадона ќе ја сподели од себе на инстаграм-профилот. Се чини дека пејачката одбива да ги прифати годините, или можеби верува во вечна младост.

Но, што е најбизарно, Мадона некое време избегнува јавно да биде фотографирана и речиси е невозможно да ја „начекаат“ папараците. Но, ете, успеаа и во тоа. Кралицата на попот беше овековечена на улиците во Лондон, по една вечера со својот син Роко.

Овие фотографии предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, сурови коментари кои не ја поштедија познатата пејачка.

„Боже мили, изгледа како балсамирана“, „Ова е Мерилин Менсон, страшно“, „Како може да се фотошопираш и да изгледаш како 30 годишна, а во реалноста изгледаш како полнета риба?“, „Што си направила жено со своето лице?“, се само дел од коментарите со кои ја „подбраа“ пејачката.

Сепак, Мадона е Мадона. Нејзите вистински фанови ја сакаат во сите нејзини изданија и трансформации, а таа ужива во новите можности, технологија и естетска хирургија и успехот кој го има, апсолутно не може да го помати некаква бура на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот